„ВРБА“ НА МАНЧЕВСКИ РУШИ РЕКОРДИ

 Играниот филм „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски,   ја надмина бројката од 30.000 гледачи, што е рекорд во Македонија.  „Врба“  е најгледан филм во државата за 2019, надминувајќи ги и холивудските блокбастери. „Врба“ е и најгледан македонски филм во последниве години. Во минатото, во времето пред интернет стриминг генералната посетеност на сите кино-претстави беше на друго ниво. На пример, филмот „Прашина“ на Манчевски постави рекорд со 120.000 гледачи во 2001.

„Врба“ од неодамна се прикажува во Кинотека. Неодамна, пред преполна сала, режисерот Манчевски се вклучи во разговор со публиката кој го модерираше филмската критичарка Марина Костова. Разговорот траше повеќе од еден час и во него беа дискутирани аспекти од „Врба“, но и од твоештвото на Манчевски воопшто.

По светската премиера на црвениот ќилим на Меѓународниот филмски фестивал во Рим, каде беше примен со петминутни овации, филмот ја имаше македонска премиера на 1 ноември и оттогаш ги полни киносалите низ цела Македонија. Минатиот месец од Синеплекс објавија дека „Врба“ е најгледаниот филм во нивната историја воопшто. Дистрибутерот на филмот го прикажа филмот во над 20 града во државава.

Поради популарноста на филмот од Синеплекс и Кинотека објавија дека Врба се враќа на нивниот репертоар. Врба ќе игра во два термина дневно (18 и 20 часот) и тоа во: вторник 21 јануари, среда 22., петок 24., сабота 25., вторник 28., среда 29., четврток 30 јануари (само во 17 часот) и сабота 1 февруари. Филмот ќе продолжи да се прикажува и низ Македонија.

Коментари

Популарно