Тетовскиот Пинк пантер ја заврши кариерата

Како што соопшуваат од МВР на 16 јануари околу 19 часот и 20 минути, во угостителски објект на влезот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово во содејство со други служби на Министерството за внатрешни работи од Скопје го лишиле од слобода И.Р.(34) од Скопје, по кого била распишана потерница за доиздржување на затворска казна.

Инаку, И.Р. со група од неколку лица во 2011 година извршил разбојничка кражба во позната тетовска златарница во центарот на градот, а на 16 јануари во 14 часот  А.К.(34) од тетовско Селце,  која со И.Р. се запознала преку социјални мрежи, го пријавила за изнуда, зашто и се заканувал по нејзиниот живот и и барал 10 илјади евра.                                      

Набрзо по лишувањето И.Р. предаден е во Кaзнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје.

Коментари

Популарно