Видео: Ова момче има талент

Марселито Помој (35) од Филипини ja крена публиката на нозе за време на настапот на „America's Got Talent: The Champions“, нова верзија на популарно музичко натпреварување во кое учествуваат победници од претходната сезона и натпреварувачи од целиот свет.

Помој ја освои филипинската верзија на ова натпрецарување во 2011 година, а веќе има издадено два студиски албума. Тој се врати на голема врата на натпреварот, пеејќи ја симфониската балада"The Prayer, која е оргинална јизведба на Селин Дион и Андреа Бочели.

На сцената му се придружува сопругата заради емотивна поддршка, додека жирито е стандардно - Симон Коуел, Хајди Клум, Алеша Диксон и Хауи Мендел. Иако Помој беше видно нервозен на сцената, тој цврсто му потврди на Кауела дека ќе биде победник на сезоната, на задоволство на публиката.

Вештината што ја покажа Помој беше несомнена. Почна да ги пее деловите на Селин Дион со софистицирано сопрано, а потоа, на сите изненадување, се префрли на длабокиот тенор на Андреа Бочели,  без тешкотии.

Како што песната напредуваше, Помој продолжи да се префрла од еден глас на друг, заработувајќи громонасно овации.

Коментари

Популарно