Како после една масажа и се променил животот?

„Бев семејна жена сè додека не отидов на мојата прва масажа. Како да започнам Имам 45 години, прекрасни деца и сопруг. Јас би рекла прекрасен брак. Јас сум вистинска семејна жена. Не знам дали сеуште  припаѓам во таа категорија.

Решив да одам на масажа и закажав состанок. Кога пристигнав, не ме дочека масерката него масер кој беше згоден млад човек. Масерката требало да  заврши нешто итно, па таа откажа во последен момент.

Ми беше малку непријатно, но се согласив да го земам терминот. Тој е убав, културен, има околу 20 години. За време на масажата тој ми рече дека немал поубава клиентка доесга и јас се засрамив од тоа.

Кога се вратив дома, јас бев под импресија од тоа што ми го кажа. Тој веднаш ми испрати барање за пријател на ФБ. Се плашам да кажам дека ми се допаѓа тој, или барем начинот на кој ме третира. Не значи дека би го измамила мојот сопруг, но лесно би можел да се  заљбувам во овој млад човек.

Одам на масажи кај него веќе три месеци и совеста ме гризе. Ништо не се случи, но ми се допаѓа неговото друштво. Најдобро би било да прекиам, но  јас не го сакам тоа “.

Коментари

Популарно