ФОТО: Се породи Сека Алексиќ и објави прва фотографија од бебето

Српската пејачка Светлана Сека Алексиќ се прооди и на свет го донесе својот втор син. Иако прво кажа дека на момчето ќе му го даде името Исак, со оглед на тоа дека бебето се роди на голем празник, го доби името Јован.

„Не е како што ние сакаме, туку како што Господ ќе каже! После нашата слава Свети Јован се роди ЈОВАН утринава, а желба на тато беше да се вика така! Рече: „Нека се вика Јован! Ако следното бебе биде машко, ќе се вика Исак!“, напиша Сека на Инстаграм во опис на првата фотографија од бебето.

Коментари

Популарно