Заев: Ја зголемивме минималната плата за 5.500 денари

Над 35 милиони евра државна помош се доделени на 200 приватни компании. На 45.000 вработени минатиот месец покачена им е платата преку мерката за субвенционирање на придонесите.

Ова вечерва го напиша Заев на Фејсбук.

- За 5.500 денари е зголемена минималната плата од почетокот на мандатот на Владата предводена од СДСМ. За СДСМ сите граѓани се важни. Граѓаните ги препознаваат политиките кои значат подобра иднина за сите, напиша тој.

Коментари

Популарно