Четири години без диџеј Бабура.

Пред четири години на денешен ден почина човекот со вистинско име Љупчо Петровски попознат како диџеј Бабура.

Од тогаш наваму ноќниот живот во Скопје повеќе не е ист.

Љубителите на ноќните забави го запаметат како човекот кој ги правеше најдобрите ноќни журки во Скопје.

Знаеше вистински да ја селектира музиката и соодветно да влијае на расположението и атмосферата.

Во сеќавање ќе останат петочните забави во Интермецо и саботните во ноќниот клуб Xo. Помеѓу колегите важеше за професионалец кој совршено добро ја познаваше работата.

Професионално, почетоците му датираат од неговиот ангажман во „Мега ФМ“ радио во 90-тите години од минатиот век. Подоцна Бабура се префрла во редовите на „Антена 5 Радио“, каде што останува сè до почетокот на оваа декада. Од таму заминува и го основа новото урбано – градско радио.

Кариерата ја завршува како дел од менаџментот на скопското „Сити радио“.

Во професионалниот пасус му се запишани безброј сетови во Македонија и голем број гостувања ширум Европа и професионални настапи на иста сцена со познатиот диџеј Тиесто.

Инаку тој беше сопруг и татко на две мали дечиња.

Пријателите го знаеја како човекот со ведрa душа и позитивно раслоложение.

Секогаш максимално искрен и чесен. Силен поддржувач на урбаните промени во градот и промотор на ново и современо Скопје.

Коментари

Популарно