По Заев и Царовска се пофали дека платите пораснале

Вицепремиерката за економски прашања,  Мила Царовска вели дека на платата за месец декември имаме покачување кај над 106 илјади вработени. 

Така е постогнат таргетот помеѓу 20 и 25 проценти од вработените во реалниот сектор да добијат зголемување на плати од 600 до 6.000 денари. Ова е врз основа на мерката за субвенционирање на придонеси за раст на плати.

„Месечната сума на издвоени средства од Буџетот за оваа мерка, што директно се трансферираат во фондовите за здравствено и пензиско е 200 милиони. За декемвриската плата се исплатени нешто повеќе од 150 милиони, што значи дека сè уште имаме можност за вклучување на  работници во буџетските рамки“, рече Царовска.

За 2,5 години се вработиле 60 илјади луѓе во Македонија, соопшти Царовска месецов.

Деновиве и екс премиерот Зоран Заев се пофали дека  растат платите во Македонија и дека сме на прав пат. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2019 година, во Македонија изнесува 25.787 денари. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во однос на истиот период лани има раст. 

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека платите во Македонија растат со најниска стапка во регионот. Словенија е лидер во регионот, и кај нив од неодамна има скок на платите. 

Коментари

Популарно