Чудо во Сибир: Жена падна од 9-ти спрат, стана и замина

Сосед сними неверојатна сцена во Сибир – на својата камера забележа жена која паѓа од девети спрат на зградa, пренесува српски „Курир“.

На снимката може да се забележи жена која од голема висина паѓа во длабок снег, по што таа станува и како ништо да не се случило, си заминува од местото на настанот.

Детали за овој несекојдневен настан, ни за тоа дали жената има некакви повреди, засега не се објавени.

Коментари

Популарно