Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните делови, а во текот на ноќта кон понеделник во поголем дел од земјава, ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 1, а дневната од 6 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до минус 3, а дневната ќе достигне до 8 степени.

Коментари

Популарно