ФОТО: Русинка преку ноќ стана славна бидејќи премногу потсеќа на славната актерка Анџелина Џоли

Неверојатно е колку си личат. Русинката Алина Царакова е уште една во низата популарни, атрактивни убавици на Инстаграм, но нешто сепак неа нешто ја издвојува од останатите. Имено, нејзините следбеници на Инстаграм, тврдат дека таа неверојатно потсеќа на славната актерка Анџелина Џоли.

Оваа сличност преку ноќ и донесе светска слава на Алина и собра над 20.000 следбеници во рекордно време, а оваа бројка се зголемува секој ден.

Додека некои се восхитуваат на нејзината убавина и сличност со Анџелина, други тврдат дека тоа не е возможно без да биде подложна на пластична операција.

Исто така, таа има идентични изрази на лицето како актерката, а се обидува да додаде и некои сличности на косата и шминката.

Во секој случај, оваа бринета е неспорно многу привлечна, негува софистициран и женски стил. Но, интересно е што оваа Русинка има само 22 години, иако изгледа многу постара.

Според странските медиуми, таа живее многу поскромно од Анџелина и е посветена на воспитувањето на малиот син Дејвид.

Коментари

Популарно