ВИДЕО: Нејмар погодиците му го посвети на Коби

Во вчерашниот натпревар екипата на Пари Сен Жермен забележа победа во француската Лига 1 и како гостин славеше во дерби дуелот со Лил (0-2) во последниот натпревар од 21. коло. Лидерството на „светците“ сега е уште поубедливо и само прашање на време е кога и математички ќе ја одбранат титулата. 

Човек на одлука беше бразилскиот фудбалер Нејмар, кој постигна два гола во мрежата на противникот. Првиот беше негово дело во првото полувреме, во 28. минута, додека вториот пристигна во вториот дел во 52. минута од пенал.

Нејмар по вториот гол со прстите го покажа бројот 24 и покажа кон небото. Голот му го посвети на Коби Брајант, американската кошаркарска легенда и негов пријател кој загина трагично, во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.

Коментари

Популарно