Навивачките групи од Македонија се здружија

На вчерашниот состанок кој се одржа  во Тетово  навивачките групи од Македонија донесоа одлука за заедничка иницијатива, за поддршка на македонската фудбалска репрезентација на дуелот против Косово во рамки на плеј-офот од Лигата на нациите.

На иницијативата се приклучија и од навивачката група “Мајмуни” од Прилеп.

“По денешната средба во Тетово известуваме дека ние Н.К. Мајмуни Прилеп се приклучуваме на заедничката иницијатива за поддршка на историскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија против Косово. На состанокот на кој се донесе историска одлука покрај нас присуствуваа Комити, Чкембари, Лозари, Војводи, Рибари, Гемиџии Гостивар, Фаланга, Гемиџии Велес, Ултра банда, Сејмени, Лебари.. Средбата заврши со заедничка хуманитарна акција (донирање облека) во црквата Свети Кирил и Методиј. За Македонија единствени!”, напишаа од “Мајмуни” на Фејсбук.

Коментари

Популарно