ВИДЕО: „Скршени сме во куќата која тој ја изгради“

Реноминираните музички награди „Греми“ поминаа во чест на Коби Брајант, кој вчера трагично го загуби својот живот во хеликоптерска несреќа. 64. издание на престижните музички награди се одржа токму во домот на ЛА Лејкерс, каде целата своја кариера ја помина еден од најголемите кошаркари на сите времиња. Честа да му оддаде почит на Коби ја имаше пејачката Алиша Кис која со солзи во очите потсети на големиот ас.

„Ние сите сме собрани тука, со скршени срца во куќата која што тој ја изгради“, изјави Алиша Кис. 

Коментари

Популарно