Полициските хеликоптери биле приземјени поради густа магла, а Брајант полетал!?

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа загина НБА легендата Коби Брајант заедно со својата 13-годишна ќерка Џиана Марија и уште седуммина во хеликоптерот кој се урна во Калифорнија, објави „ТМЗ“, порталот кој прв ја соопшти страшната вест во јавноста.

„ТМЗ“ од свои извори дознале дека полициските хеликоптери на ЛАПД биле приземјени поради лошите временски услови и густата магла, но хеликоптерот со Коби и осумте труги патници меѓу кои и пилотот сепак полетале вчера рано наутро по американско време за да стигнат во „Мамба Академијата“ на бившиот кошаркар на ЛА Лејкерс.

Според информациите, хеликоптерот првпат „заглавил“ над зоолошката градина во ЛА, кога кружел повеќе од 15-на минути и најмалку шестпати летал на ниска височина поради непрегледноста од маглата причинета и од големата влажност, а сето тоа веројатно чекајќи да се тргне маглата и да продолжат кон дестинацијата.

Околу 9.30 часот по пацифичко време, пилотот имал комуникација со аеродромот Бурбанк, кои знаеле дека 15 минути хеликоптерот со Брајант кружи во тоа подрачје, а потоа пилотот тргнал на север кога завртел кон запад и почнал да се искачува над автопатот 101 кај Вудланд Хилс.

Десетина минути пододцна, кога се соочиле со уште поголема магла, „ТМЗ“ посоува дека е направена клучната грешка на пилотот. Тој го свртел курсот кон југ, а всушност тргнал кон планинско подрачје во непрегледна средина. И одеднаш почнал да ја крева висината од 1.200 стапки на 2.000 стапки, но само пет минути подоцна веќе навлегол во планинскиот предел на висина од 1.700 стапки со брзина од 298 километри на час (161 јазли) и потоа се урнал.

Коментари

Популарно