Пајак службата „руши рекорди“

Вкупно 222 возила биле собрани од страна на „пајаците’’ на Градскиот паркинг во текот на изминатава недела од јавните површини во Скопје. Од ова претпријатие информираат дека од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 38 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 184 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци.

Возилата најчесто биле непрописно паркирани на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин ,тротоар,зелена површина, спротивно на сообраќаните знаци…

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 359 возила, поради нерегулирано паркирање- односно за неплатена паркинг услуга.  Од нив 38 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Не е познато дали до Град Скопје стигнуваат апелите од скопјани дека паркирањето е прескапо и дека паркинзите се недоволно одржувани.

Останува секако дилемата дали има доволен број на паркинг места во Скопје, земајќи ја во предвид неконтролираната урбанизација на централното градско подрачје изминативе години, и недоволен број на паркинг простор за граѓаните.  Исто така треба да се  земе во предвид дека се  даваат дозволи за стопансисување на  разни угостителски и трговски објекти без уреден  паркинг простор за посетителите.

Очигледно не  е решение само пајак службата.

Коментари

Популарно