Предлог за денешен ручек

Кремаста чорба од сирење…

СОСТОЈКИ:

2 праза

1 чешне лук

масло

800 мл супа од зеленчук

150 гр козјо сирење

100 мл павлака за готвење

сол, бибер

2 лажици сок од лимон

2 парчиња бел леб

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Празот и лукот ситно исечкајте ги. Во лонец загрејте масло и на него издинстајте ги празот и лукот. Налијте со супа од зеленчук и оставете да се вари.

Иситнете го сирењето и со павлаката додајте го во чорбата. Мешајте на слаб оган додека сирењето не се растопи. Чорбата испасирајте ја со миксер, додајте сол и сок од лимон.

Лебот исечкајте го на коцки и пропржете на масло.

Извор: Готви.мк

Коментари

Популарно