Роналдо и плаќа на Џорџина да му ги чува децата

Роналдо и Џорџина веќе неколку години се во љубовна врска, а заедно ја имаат и ќерката Алана Мартина. Исто така Џорџина се грижи за другите три деца на фудбалерот.

Од врската со Роналдо, таа се подреди на семеен живот, но јасно е дека живее на високо ниво. Џорџина заработува многу со објавените фотографии на Инстаграм каде што рекламира разни брендови. Од објава добива околу 8.000 евра.

За да не се грижи за ништо Роналдо според информациите на „Кориере Дело Спорт“на нејзината сметка секој месец и уплаќа по 100.000 евра.

Ова и не е некое големо изненадување ако се знае колку Роналдо заработува од Јувентус и спонзорските договори. Само од Јувентус Португалецот добива 30 милиони евра по сезона.

Коментари

Популарно