Видео: Во последен момент ги спасија

Седум коњи се спасени од сигурна смрт откако пропаднаа низ мразот на замрзнатото езеро.

Неверојатно видео беше објавено на Твитер на кое се гледа како седум коњи од замрзнатото езеро се спасени на руска фарма.

Коњите „пропаднаа“ низ тенкиот мраз на езерото од кое се обидоа да избегаат додека група земјоделци им помагаа.

Земјоделецот Sagicijan Idiatulin (29) го донесе својот трактор и ги спаси коњите со помош на механизам за влечење. Еден локален земјоделец рече дека несреќата се должи на нестабилно време оваа зима.

Коментари

Популарно