Откриено колку им треба на жените

Според најновите анкети очигледно е дека жените не уживаат во краток секс, иако мажите мислат спротивно.

Новите истражувања покажуваат дека жените повеќе уживаат во сексот, ако трае подолго и за да доживеат оргазам им  е потребно подолго време. Исто така, откриено е колку време  им е потребно на жените за да дојдат до оргазам, иако мажите  мислат дека на жените им треба многу помалку време, пишува The Sun.

Потребно време  на просечен маж околу шест минути за да дојде до оргазам, а на жените им е потребно дури двојно повеќе од околу 13,41 минути.

Истражувањето било спроведено на 645 хетеросексуални жени од 20 земји, главно Велика Британија, САД, Холандија и Индија. Жените кои учествувале во студијата се во моногамни односи, со просечна возраст од триесет години.

Жените имале задача да го мерат времето од кога сексуално се возбудиле до моментот кога доживеале  оргазам.

Времето било мерено осум недели, а мерењата се движеле од 12,76 до 14,06 минути, при што дури 17% од жените никогаш немале оргазам. Покрај тоа, истражувањето покажало дека вагиналниот секс ретко се смета за оргазам затоа што само 31,4% од жените го постигнале тоа. Дури 68,8% од жените треба да чувствуваат друг вид стимул за да постигнат оргазам, кој вклучува бакнување, лесно грицкање и допирање на другите делови од телото.

Исто така, некои сексуални пози се покажаа поефективни од другите, а на повеќето жени им се допаѓа тоа кога тие ја контролираат играта, или кога се „горе“  - дури 42,2 проценти.

Статусот во врската не беше клучен бидејќи  на жените во брак  и  на жени кои не биле во брак приближно исто време им било потребноза оргазам, но исто така пронајдоа и некои изненадувачки фактори кои го забрзуваат нивниот оргазам. Еден фактор  е носењето чорапи - анекетата покажала дека тие го зголемуваат задоволството за време на сексот.

Коментари

Популарно