Возило се преврте на патот Крива Паланка-Куманово

Вчера попладне автомобил излетал од патот  и се превртел при што повредени биле три лица.

Имено според пријавеното, вчера во 16 часот и 10 минути било пријавено дека на мaгистралниот пат Крива Паланка - Куманово, во атар на село Ругинце, патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(36) од Куманово, излетало од патот и се превртело.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките С.С.(41) и Н.Ј.(56), двете од Куманово, а со телесни повреди се здобила Е.Ј, по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово. 

Коментари

Популарно