Под називот „NoleChallenge: Outdoor Ice Bath" најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ супер ги забавувал своите следбеници на социјалните мрежи и ги повикал да го пробаат истото што и тој.
„Константин и јас преживеавме ледена планинска вода цели 45 секунди. Изгледа лудо, знам. Низ разни техники можеме доволно да се смирите за да преживееме екстремни услови како овој и поефикасно да се бориме со секојдневниот стрес во нашите животи“, напишал Новак пво опис на видеото во кое се гледа како влегува во студена вода.
„За оние кои ќе се осмелат ве предизвикувам на отворено да најдете студена вода и во неа да поминете најмалку една минута. Надвор мора да биде зима и водата да е студена. мора да бидете само во долна болека, мора да го потопите половина тело и во студената вода да останете најмалку една минута“, напишал Ноле.
Дали вие ќе се осмелите?