Познатите со поддршка за малиот Квејден Бејлс

Момчето Квејден Бејлс има само 9 годни, а неговата мајка Јарака Бејлс објави снимка на која тој опишува како го малтретирале во училиште. Меѓу останатото, момчето вели дека поради тоа сака да се самоубие.

Јарака вели дека одлучила да го сподели ова видео за да ја подигне свеста за злоставувањето. Видеото стана вирално, а илјадници луѓе јавно го поддржале малото момче кое живее во Австралија, на кое му е дијагностицирана ахондроплазија, пореметување во растот на коските, поради што има нормална големина на торзот, а значително пократки екстремитети од просекот.

Освен актерот Хју Џекмен, кој порачал дека Квејден секогаш има пријател во него, реагирал и комичарот Бред Вилијамс, кој исто така е со џуџест раст.

Тој на платформата „GoFundMe“ започнал кампања со која за Квејден и неговата мајка се собрани 216.000 долари. Дел од парите ќе бидат потрошени за малото дете со мајката да го посети Дизниленд.

„Ова не е само за Квејден, туку за сите деца кои доживуваат злоставување и на кои им рекле дека не се доволно добри. Да им покажеме на Квејден и останатите дека на овој свет има многу добри нешта и дека се еднакво вредни“, порачал Вилијамс.

Кведан станал заштитно лице на компанијата „Stand Tall 4 Dwarfism“, која ја започнала неговата мајка. Го поддржала и Националната рагби лига од автохтоното население.

„Тука сме за тебе, пријателу“, му порачале тие.

Коментари

Популарно