ВИДЕО: Резервата на пасоши се намалува а решение нема

Уште 3.146 пасоши остануваат на располагање на граѓаните. МВР ќе испрати Телеграма до Граничните премини, граѓаните кои имаат патни документи од други држави, да може да патуваат со нив.

-9-члената Комисија која одлучува кој ќе ги добие преостанатите пасоши досега одобрила 236 барања за добивање патна исправа. Негативно, пак, одговорила на 214 барања.

Најголем дел од одобрените барања се на граѓани кои треба да се лекуваат во странство и оние кои треба да заминат на работа, а веќе имаат склучено договори.

Властите се уште бараат решение на пасошката криза додека да пристигне пратката од 100.000 обрасци од германската компанија „Веридос“.

Иако техничкиот премиер вчера рече дека не може да се продолжи рокот на трање на пасошите поради Законот за патни исправи, дополнителната замек-министерка, која доаѓа од партијата на Спасовски, вели дека можно решение е ставање печат на последната страница за да се пролонгира нивната важност. Меѓутоа, ова би важело само за истечените пасоши, но не и за оние кои треба да истечат во следниот период.

Извори од МВР велат дека ваков предлог веќе има, но не е испратен до Влада бидејќи се чека потпис од дополнителната заменик-министерка.

Претходно, техничкиот министер како можно решение го кажа испраќањето дипломатска нота до сите држави со која ќе се информираат за продолжување на важноста на пасошите.

Коментари

Популарно