Предлог за денешен ручек

Вкусно јадење по оригинален париски рецепт.

СОСТОЈКИ:

4 парчиња говедско филе

2 лажици бибер во зрно

малку маст

сол

40 гр путер

2 лажици сечкан кромид

2 мали чаши француски коњак

малку бујон

малку кечап

малку ворчестер сос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Филето притиснете го во издробен бибер, па од двете страни запечете 2-3 минути на врела маст. Потоа посолете, во тава додајте путер и кромид и пржете.

Месото фламбирајте го со коњак и ставете го на чинии.

Кромидот прелијте го со малку бујон, додајте кечап и ворчестер сос и оставете да зоврие. Послужете го сосот со подготвениот бифтек.

Извор: Готви.мк

Коментари

Популарно