ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ ЛИ РЕД: Од викендов нема веќе продавање во градски парк на кој му текне

Овој викенд во градскиот парк нема да може да биде продавач секој кој ќе посака.

Од градот планираат да воспостават ред со тоа што преку јавен повик беа избрани мобилни продавачи кои може да аплицираат за поставување урбана опрема на 21 локација со еднаква максимална површина во двата дела во Градскиот парк.

Тие ќе добијат дозвола со која што ќе може да постават урбана опрема во паркот, а неделава треба да бидат избрани.

Секој мобилен продавач ќе добие довозла со која ќе користи обележана локација од следниот месец при што секој ќе биде задолжен сам да се грижи за хигиената на добиената локација.

Исто така, продавачите ќе немаат право отпадот да го фрлаат во корпите во паркот, туку нивна обврска ќе биде да го фрлаат во посебни корпи за отпад, а ќе немаат право ниту да користат озвучување и слични системи за пуштање музика.

фото: Град Скопје

Коментари

Популарно