Дали овој продукт има рок на употреба?

Иако секоја кутија чај што ќе ја купите во супермаркетот има рок на траење, тоа е повеќе за времето кога треба да го користите чајот пред да го изгуби вкусот, пишува Индекс. Значи, не мора да значи дека ќе се расипе после тој рок, но вкусот-аромата веројатно ќе исчезнат односно „намалат“.

Препорачливо е чајот да го чувате на суво и темно место. Исто така, избегнувајте да го изложувате чајот на висока температура и светлина, бидејќи тој ќе  ги изгуби своите својства.

Ако сè уште сте загрижени за рокот на траење, помирисајте ја  вреќичката со чајот. Ако не чувствувате мирис, можете да ја фрлите. Сепак не се препорачува едно пакување чај да трае-односно да го чувате повеќе од една година.

Коментари

Популарно