Сепак лажна тревога: Пациентот на Инфективна е негативен на Коронавирус

Пациентот кој попладнево слета од Милано во Скопје, е негативен на коронавирус.

Јавноста се вознемири откако надлежните соопштија дека на Инфективната клиника се врши тест на корона вирус на едно лице со симптоми на грип. 

„Информираме дека се негативни на корона вирус резултатите на пациентот кој вечерва беше тестиран на Инфективната клиника во Скопје. 

Будно ја следиме состојбата и во континуитет постапуваме по препораките на Светската здравствена организација, а од денеска Министерството за здравство го подигна степенот на подготвеност на највисоко ниво. Се формира Кризен штаб во рамките на Министерството, а на сила стапија и нови зајакнати мерки за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирус“, соопштија пред малку од Министертсвото за здравство.

Коментари

Популарно