Во Грција прв случај на коронавирус, заболена жена во Солун

Грчкото министерство за здравство денеска потврди прв случај на коронавирус во Солун. Како што јавува грчката агенција АНА-МПА се работи за 38 годишна жена која неодамна патувала во Италија.

Досега повеќе од 30 земји во светот соопштија дека на нивните територии има потврдени случаи на коронавирус. Најголемиот број се во Кина, од каде што и почна ова заболување, а голем број заразени имаат и Јапонија, Јужна Кореја, Италија и Иран.

Коментари

Популарно