ФОТО: Ова е момчето од Србија што е заразено со коронавирусот

Стотици патници се заклучени во нивните кабини, а тестовите за коронавирус продолжуваат. Младен на бродот “Diamond Princess” работи како келнер веќе седум години.

Иако боледува од коронавирус, се чувствува добро, а семејството е загрижено бидејќи тој  страда од хроничен бронхитис. Според првичните информации, С.О. (29) од Србија.

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар верува дека двајцата ќе останат во Јапонија на лекување.

– Мислам дека нема да сакаат да ризикуваат да ги испратат овие пациенти во Србија, да бидат во контакт со повеќе луѓе, туку ќе го преземат нивниот третман.

Младен е роден во Кладово, но се пресели во Ниш пред десетина години. Тој веќе седум години бил вработен како келнер на крстарење, што отсекогаш било негова желба.

Тој е голем верник, па затоа го замолил семејството итно да го испрати Новиот завет во Јапонија. Тој е убеден дека сè ќе заврши добро.

Коментари

Популарно