Предлог за денешен ручек

Ви донесуваме одличен рецепт за гурмански ручек.

СОСТОЈКИ:

500 гр компири

50 гр суви сливи

400 гр печурки

100 гр сланина Пекабеско

4 свински кременадли

1 лажица маст

сол

бибер

зачин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исчистете ги компирите со средна големина, исечкајте ги на половини, посолете па ставете во намастен плех со маст.

Исчистете ги печурките, ставете зачин и малку бибер, па измешајте ги со компирите. Потоа додајте суви сливи и сланина исечкана на крупни делови. Преку наредете кременадли, посипете со билни зачини, ставете 100 мл вода и ставате да се пече на 200 степени.

Послужете со салата по избор.

извор: Готви.мк

Коментари

Популарно