Еве како да се спасите од болните заноктици

Дали некогаш ви се случило да ви се воспалат заноктиците? Болката е ужасна. Покрај тоа што неправилната нега може да доведе до болни рани, заноктиците не се привлечни ни на око. За да не се создаваат заноктици,потребно е правилно да ги негувате.

Кога ги средувате заноктиците внимавајте да  не ги засечете премногу од страните. Најдобар начин е да ги потиснете со помош на посебно средство за омекнување на кожата кое ќе ви овозможи полесно да ги притиснете.

Пред да започнете со негата, отстранете го лакот за нокти, па ставете го средството за омекнување на кожата или едноставно рацете натопете ги во раствор со вода и неколку капки течен сапун. Кога кожата ќе омекне потиснете ја со алатка за заноктици нежно и потоа маникирајте ги ноктите.  Секако ова не е едноставна работа, мора многу внимателно да се направи сето тоа за да не дојде до несакани последици.

Доколку не сакате да ризикувате може да отидете во салон за да ви направат професионален маникир. Нашите пријатели од  Spectra Nail Bar (телефон за закажување 078 873 703)  ќе се погрижат заноктиците, ноктите и рацете да ви бидат правилно негувани.

Коментари

Популарно