Мајмунчето Лука вратено во скопската Зоолошка градина

Мајмунчето Лука денеска попладне беше вратено во скопската Зоолошка градина. Лука престојуваше во Зоолошката во Битола, но откако се појавија фотографиии во кави услови е сместен, веднаш беше одлучено да се врати во Скопје.

В.Д. директорот на скопската Зоолошка, Ѓорѓи Галетановски изјави дека Лука нема да биде сам.

-Утринава нашиот тим отиде во Битола на лице место и го донесе Лука назад, но сега во друштво со пријателка со која ептен се дружат, така што нема да биде сам овде. Нашите ветеринари и биолози го дезинфицираа и го обезбедија живеалиштето и двете мајмунчиња да ги имаат сите потребни услови, рече Галетановски.

Коментари

Популарно