СЛАВЧО НАЈАВУВА ПОТОПЛО, НО ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ

До крајот на денов кај нас ќе се задржи претежно облачно време. Ќе има и локални послаби врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец, истиот повремено на некои места ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно а ќе има услови и за слаби локални врнежи претежно од дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 6 степени. Во следните неколку денови ќе се задржи претежно облачно време. На повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд и локално врнежите ќе бидат нешто поинтензивни, особено во јужните и во југоисточните предели.

На планините врнежите ќе бидат од снег. Максималните дневни температури и натаму ќе бележат тенденција на постепен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Коментари

Популарно