Шарлот Лоренс е позитивна на коронавирус, што самата признала на социјалните мрежи. 19-годишната пејачка вели дека пред неколку дена се тестирала и дека е позитивна, но дека верува дека ќе биде добро.
„Пред неколку дена ме известија дека имам Ковид-19. Ќе бидам целосно во ред. Но многумина кои ќе го добијат нема ако премногу луѓе се разболат. Имаме моќ ова да го спречиме, останете изолирани и чисти“, напишала пејачката.