ФОТО: Од коронавирус почина актерот од популарната серија на „Нетфликс“

Aктерот Марк Блум, познат по своето театарско работење, филмот „Крокодилот Данди“и серијата на „Нетфликс“ серија „Ти“, почина на 69-годишна возраст од компликации од коронавирус. Сопругата на Блум, Џенет Зариш, го потврди ова за „Фокс њуз“.

„Мојот сопруг почина вчера, 25 март, од компликации предизвикани од коронавирус. Тој почина во болницата во Њујорк-Презбитеријан“, напишала таа во имејлот.

Извршната потпретседателка на САГ-АФТРА, Ребека Дејмон, исто така, ја потврдила оваа вест на Твитер, истакнувајќи дека Блум бил во одборот на таа организација.

„Пишувам со толку длабока тага што нашиот пријател и поранешен член на одборот, Марк Блум, почина од компликации предизвикани од коронавирусот. Марк беше посветен член на Сојузот за филмски актери и член на одборот САГ-АФТРА од 2013 до 2017 година. Тој беше најдобар во спојувањето и застапувањето на членовите. Ние кои имавме доволно среќа да го познаваме, ќе го паметиме како талентиран актер, учител, лојален пријател и прекрасен човек “.

Блум беше ѕвезда на филмовите „Моцарт во џунгла“, „Очајнички барајќи ја Сузан“, „Заблагодари ми подоцна“, „Пресидо“.

Блум го глумеше сопругот на Росана Аркет, покрај поп-кралицата Мадона, во романтичната комедија „Очајнички барајќи ја Сузан“.

Коментари

Популарно