Шокантно: Денеска се става крај на Серија А за сезоната?

Се чини дека денеска е денот „Д“ за Серија А. Во текот на денешнот ден состанок ќе имаат претставниците на раководството на Калчото.Здружението на играчите и клубовите.На дневен ред биле две точки. Првата е како да им се исплатат платите на игралчите во време на коронавирусот, а втората дали и како ќе продолжи Серија А.

Познато е дека има порака од Владата на Италија, со оглед на катастрофичната состојба во Италија, првенството да се заврши, односно и официјално сезоната 2019/2020 да биде прогласена за завршена, а титулата да не се дава. Со ова сценарио се сложи и Јувентус које прв на табелата, и кој напомена дека тој клуб не сака титула на таков начин.  Останува да се види што ќе произлезе од состанокот.

Коментари

Популарно