Убава вест за љубителите на домашните миленици

Пред неколку дена Владата донесе уште една мерка која го ограничува движењето на сите граѓани во земјава за време на викендите со цел спречување на ширење на корона вирус. Меѓутоа ова мерка создаде „проблеми“ кај сопствениците на домашните миленичиња.

Здруженија и сопственици на домашни миленичиња доставија барања до Владата за да се направат отстапки во полицискиот час за време на викендите, кој започнува од 16 часот.

Владата  ја измени уредбата за ограничување на движењето за време додека трае епидемијата на корона вирусот, со што им овозможи на љубителите на домашните миленици тие да можат да ги изнесат надвор со цел да ги извршат физиолошките потреби додека трае полицискиот час.

За време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање, гласи одлуката на Владата.

Тоа значи дека во сабота и недела за љубитрелите на миленици останува да важи ограничувањето на движење од 16.00 до 20.00 часот и од 20.30 до 05.00 часот утредента.

Во моментов Владата на седницата размислува за уште еден сет на мерки за ограничување, а за утре се најавени економските мерки.

Коментари

Популарно