Почина родилка од Охрид и нејзиното бебе

Доцна синоќа на Клиниката за Гинекологија и акушерство во Скопје почина родилка од Охрид. Претходно почина нејзиното новородено бебе.

Родилката (34) била од Охрид и со возило на Брза помош била испратена за Скопје. Имала висока температура и компликации и поради тоа од охридската болница веднаш била испратена на ГАК во Скопје. Како што пишува порталот „Охриднет“ родилката имала тешка инфекција и кога пристигнала во болница бебето и било мртво.

Вчера на ГАК во осмиот месец од бременоста со царски рез била породена 27- годишна жена од Куманово. Таа немала симптоми на Ковид-19, но бидејќи доаѓала од општина во која има заболени со коронавирус, ѝ бил направен тест кој бил позитивен, потврдија за „Република“ од Клиниката.

До вчера во Куманово беа регистиррани 47 заразени од коронавирус. .

Од ГАК велат дека во случајот со родилката од Куманово персоналот ги презел сите потребни мерки според протоколот за заштита од корона вирусот. Пациентката била внесена преку посебен влез и породена во изолирана сала, за да се заштитат сите останати пациентки. По породувањето мајката била префрлена на Инфективната клиника, а бебето кое било задржано на ГАК, ќе биде тестирано за да се види дали е заразено со коронавирус од мајката. Од Клиниката велат дека и мајката и бебето засега се во стабилна состојба.

Коментари

Популарно