Приведените тепачи не можат да најдат адвокат

Последните информации од Штип во врска со видеото кое ја вознемири македонската јавност се дека приведените момчиња не може да најдат адвокат.

Судијата од претходна постапка Олгица Павлова, во секој момент треба да одлучува за нивниот притвор, но тоа е невозможно доколку осомничените немаат правен застапник. Сите повикани адвокати , до утринските часови , одбиле правна помош или биле зафатени со други предмети , па од тие причини тие биле оставени исказите во полицијата да ги даваат сами.

Во судот се чека одлука за назначување адвокат по службена должност.

Во јавноста многумина адвокати се понудија да ја застапуваат тепаната девојка. Таа вчера откри дека видеото било пред два месеци снимени во зграда каде ја однеле насилниците. Таа со еден од нив претходно била во врска, но потоа настанале големи недоразбирања. По ќотекот девојката се плашела да пријави насилтво поради закани од насилниците. Таткото пак на еден од нив обвини дека и девојката има вина за тепањето.

Во врска со случајот обвинителството побара притвор.

Основното јавно обвинителство во Штип денеска поднесе Предлог за определување притвор за две лица, жители на Штип на возраст од 23 и 26 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничените во текот на јануари 2020 година, заедно извршиле грубо насилство над оштетената, на начин што отишле во куќата каде престојувала и започнале да ја навредуваат и удираат со тупаници и шлаканици во пределот на лицето и главата. Потоа со влечење ја однеле во влез на станбена зграда каде продолжиле со вршење на насилството. Додека го вршеле грубото насилство, осомничените снимале со мобилен телефон, со кои дејствија кај оштетената и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, информираат од Обвинителството.

Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, како и поради постоење на околности кои укажуваат дека осомничените ќе го повторат кривичното дело, обвинителството го достави предлогот за определување притвор за двајцата осомничени.​

Коментари

Популарно