Ова се 15–те најсреќни граѓани кои добија по 100.000 денари

Најсреќните 15 граѓани кои од први до 31 март годинава скенирале фискални сметки, добија по 100.000 денари.

Ова се добитниците:

1. Ванче Василески – Тетово, 2. Катерина Апостолова – Богданци, 3. Зорица Илиев – Скопје, 4. Весна Макашевска – Скопје, 5. Дејан Ѓошев – Скопје. 6.Славко Јанковски – Струмица, 7. Љика Митева – Струмица, 8.Фадил Угљанин – Прилеп, 9. Селја Хаџи – Скопје, 10. Војче Мирчески – Скопје.

11. Благој Тунџов – Штип, 12. Фарук Ајрулаху – Скопје, 13. Виктор Устијаноски – Охрид, 14. Мише Милановски – Пробиштип и 15. Деан Андреевски – Прилеп.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: ИНФОРМАЦИЈА од УЈП за оние кои скенираат фискални сметки. Вкупниот број на скенирани сметки изнесува 13. 680. 433.

СЕ ЗАОКРУЖИ ТРЕТОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ ОД МОЈДДВ

Управата за јавни приходи известува дека на 31 март 2020 година го заокружи третото тримесечје од МојДДВ.

За месеците јануари, февруари и март 2020 година на граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе им бидат исплатени вкупно 343,803,953 денари или 5,590,000 ЕУР. Во овој период скенирани се вкупно 49,946,278 фискални сметки, остварен е промет од 21,957,355,689 денари, со вкупен ДДВ 2,292,026,352 денари.

Споредбено со првите две тримесечја зголемување има и кај бројот на корисници на апликацијата МојДДВ, и кај бројот на скенирани сметки, а со тоа и кај повратот на 15% ДДВ кај граѓаните. За првото тримесечје беа исплатени вкупно 186,215,194 денари односно 3,028,000 ЕУР, а за второто тримесечје се исплатија 233,176,601 денари или 3,791,000 ЕУР.

Коментари

Популарно