Светските експерти велат дека оваа навика е еден од најлесните начини за добивање на коронавирусот

Грицкањето нокти е честа навика кај децата, но и кај возрасните. Оваа навика која што често ја правиме може да има лоши последици во текот на пандемијата на коронавирусот.

Светските експерти велат дека оваа навика е еден од најлесните начини за добивање на коронавирусот.

Баш поради тоа, познат специјалист во областа на алергијата и заразните болести во Лондон, советува дека луѓето мора да се одвикнат од грицкањето нокти затоа што доколку не го направат тоа, ризикот од добивање коронавирус е многу поголем од вообичаено.

Но, секој што се соочил со овој проблем знае дека не е едноставно да се елиминира.Сепак, постојат одредени методи и совети кои ќе им помогнат на страсните „гризачи“ да се одвикнат од грицкањето на ноктите.

Направете ги ноктите горчливи, има многу лакови достапни на пазарот кои се неподносливо горчиливи, или намачкајте ги со луто пиперче. Но најуспешен метод за одвикнување од оваа лоша навика е да отидете во салон и да си направите маникир со гел лак на вашите нокти или надградба на ноктите. Нашите пријатели од Spectra Nail Bar (телефон за закажување 078 873 703) ќе ви помогнат грицкањето нокти да ви остане само како сеќавање за една лоша навика.

Коментари

Популарно