Коста Костадинов се откажа од минималната пратеничка плата

Коста Костадинов, портпаролот на СДСМ, објави дека се откажува од пратеничката плата, односно дека ќе ја донира во справувањето со епидемијата од корона-вирусот.

„Ова е можеби и вистинска прилика да соопштам дека се откажувам и од 14.500 денари народни пари кои ќе треба да ги земам како пратеник, сметам дека и тие средства, можеби за некого малку, но некому ќе значат живот, ќе ги донирам“, објави пратеникот на владеачката партија во својот последен пост како одговор на опозициските критики.

Пратениците, заедно со останатите државни функционери на национално и локално ниво, како една од првите економски мерки на Владата, ќе добиваат само минимална нето-плата од 14.500 денари во месеците април и мај.

Коментари

Популарно