Нaучниците утврдија кога ќе исчезне вирусот!

Според најновите истражувања (математичката анализа на Националната лабораторија во Лос Аламос.) секој човек кој е инфициран од коронавирусот обично ја пренесува заразата на други 5.7 луѓе.

Таа бројка е двојно поголема од онаа што Светската здтавствена организација ја објави во февруари годинава, пренесува „Bloomberg“.

Со оглед на тоа што податоците сега се однесуваат само на епидемијата со ковид-19, истражувачите посочуваат дека пандемијата ќе биде тешко да се контролира на начинот кој го применуваат одредени држави во светот.

Како што прикажала студијата, за да се уништи вирусот, дури 82 отсто од светската популација би морала да стекне имунитет преку вакцинирање или преку прележување на заразата, наведува експертскиот тим од Лос Аламос.

Коментари

Популарно