Најчеста навика на паровите кои имаат несигурен и нестабилен однос

Дури и ако нечија врска на прв поглед може да изгледа совршено, можеби не е совршена. Поточно, една студија открила која навика е најсилниот показател дека нешто не е во ред со врската. Студијата Personality and Social Psychology Bulletin докажала дека паровите што повеќе пати објавуваат работи за нивната врска на социјалните мрежи, се обидуваат да ја маскираат несигурноста и недовербата во врската.

Поточно, како што се наведува во студијата, таа е теорија на поврзаност која се занимава со тоа како паровите се врзуваат и ја зјакнуваат врската. Истражувачите објаснија дека луѓето кои не му веруваат доволно на својот партнер и на кои им е потребна дополнителна потврда за квалитетот на нивната врска, имаат тенденција да често објавуваат фотографии од себе и од партнерите, за да се докажат пред таканаречената публика и да создадат идилична слика за нивната врска.

Како што еден од истражувачите потврди за „Cosmopolitan“, луѓето кои се задоволни од својата љубовна врска, немаат потреба да ја изложуваат на јавноста затоа што немаат никаква желба за одобрување од другите и лажен перфекционизам.

Коментари

Популарно