Направете брзи ќофтиња од компир, без јајца во смесата.
СОСТОЈКИ:
1 кг. компири
1 лажица сол
1 лажиче нане
1 лажиче бибер
масло за пржење
кисело млеко за сервирање
ПОДГОТОВКА:
Се одбираат мали компири, се мијат и варат.
Се лупат и се пасираат додека се топли, па така ќофтињата се цели и без јајца.
Се става нане со бибер и сол, се меша.
Се формираат ќофтиња и се ставаат во ладилник додека се топли да се стегнат, па се пржат на врело масло.
Се декорираат со кисело млеко, супер се.
Извор: Готви.мк