Заев: Избори на 5 јули, за да го тргнеме Наќе Чулев од Владата

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, денеска на прес-конференција истакна дека на 5 јули дефинитивно ќе се одржат предвремени парламентарни избори и покрај големиот број на позитивни случаи на Ковид-19.

- Тие ќе се случат на 5 јули, најбрзо што е можно да има функционална Влада и Собрание. Тоа е во корист на граѓаните. Не ни треба Наке Чулев, бидејќи опозицијата е настроена деструктивно. Изборите остануваат онака како што е пропишано во Уставот и законите, рече Заев.

Претседателот на владеачката партија рече дека биле многу блиску со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но не постигнале договор за датумот на изборите. Со тоа, според поранешниот премиер, нема да има повеќе преговори.

- Заради економските мерки, заради поддршка на најсиромашните беше донесена нова вонредна состојба од две седмици, односно да не бидат изборите во јуни. Последната отстапка води до 5 јули. Бујрум, сите имаат сега време да се подготват. Вирусот слабее во неговиот ефект, иако се шири. Вака ќе биде и на 5 август и на 5 октомври и на 5 јануари 2021. Народот е насекаде, по кафичите, по рестораните, по моловите, по парковите, по улиците, додаде Заев.

Коментари

Популарно