(Фото) Тијана -Ајфон ја подведувала и Луна Џогани: „Нема поим дека ќе заработам на неа пари, без да трепнам“

Луна Џогани наводно била жртва на подведување старлетата Тијана – Ајфон, која му ја „продавала“ на богат бизнисмен и наводно земала пари за тоа без знаење на Луна.

Според изворот – девојката која исто така била жртва, Тијана и предложила на Луна да ја запознае со еден богат бизнисмен, кому наводно блогерката многу му се допаѓала. Сè се случувало во време кога Марко Миљковиќ веќе беше влезен во „Задруга“, а Луна остана сама, со празни џебови, разочарана од љубовта и луѓето.

„Луна падна, кога го виде луксузот во Тијана и не знаеше што се крие зад понудата“ – вели изворот и ја цитира Тијана:

„Глупача, ќе заработам пари на неа без да трепнам. Таа мисли дека некој сака да ја слуша, а не е свесна дека возрасните сакаат само да ја поминат. Ќе земам 1.000 евра за неа, а таа нема да добие ништо затоа што ја наследила интилигенцијата од татко и Гаги“ – рекла Тијана кога видела дека Луна „гризе на мамецот“, па таа била подготвена да ја игра својата игра.

Тијана на бизнисменот му рекла однапред да искешира пари, затоа што тоа е единствениот начин на кој тој може да се дружи со Луна. А галантниот господин не се двоумел. Тијана си ставила 1.000 евра во џебот, ветувајќи му ја Луна Ѓогани“ – тврди изворот.

„Наивната Луна играше како што сака Тијана. Таа и рече да разменат контакти со бизнисменот, кој ќе и помогнел околу ново видео, песна и целиот маркетинг. Луна почнала да се гледа со него, но тој не спомнувал ниту помош ниту нешто слично. Откако зеде убави пари, Тијана ја ‘шутна’ Луна како последно партал. Ја блокираше на сите апликации и социјалните мрежи за да не мора ништо да и објаснува.

Коментари

Популарно