(Видео) Црногорец си го скрши автомобилот, па Србин го теши!

Еден Црногорец стана вистински хит на социјалните мрежи откако почна да се споделува снимката. Возачот на Ауди снимал со телефон во текот на возењето и не видел дека колоната стои, па се удрил во Опелот, кој сопственикот штотуку го купил.

Мажот веднаш истрча од Аудито и му пријде на човекот од Опелот, кој плачеше неутешно покрај Опелот. „Дали си добро брате? Не видов ништо…“, се правдаше човекот.

Меѓутоа, возачот на Опелот не кажа ништо туку клекна покрај возилото и почна да плаче, откако кажа дека сега го купил возилото.

Видеото од целиот инцидент може да го погледнете ТУКА.

Коментари

Популарно