Пауновски: Против правното лице веќе е преземена прекршочна санкција за оневозможување на службени лица во извршување на службена должност

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски по новинарско прашање во врска со вчерашниот инцидент во угостителски објект каде не им бил дозволен влез на инспекторите посочи дека против правното лице веќе е преземена прекршочна санкција, но ќе биде поднесена и кривична пријава.

„Против правното лице веќе е преземена прекршочна санкција за оневозможување на службени лица во извршување на службена должност…бидејќи ресторанот извршувал угостителска дејност и во внатрешниот дел, за што инспекторите имаат и докази, денеска е поднесена кривична пријава според членовите 205 и 206 од Уредбата на нашата држава. Против физички лица не преземаме никакви санкции“, порача Пауновски.

Коментари

Популарно